Зелени и црни маслинки: еве како да откриете дали се фарбани со вештачки бои

Бојата на маслинките нема никаква врска со тоа за кој вид станува збор. Имено, зелените маслинки се набрани незрели и полека ја менуваат бојата созревајќи, од црвенкастокафеави до црни.

Незрелите зелени маслинки се цврсти со умерен вкус, додека црните имаат малку посилен вкус со слаба горчлива “жица”.

Но, зрели или незрели, тукушто набраните маслинки се ужасно горчливи. За да го добијат својот препознатлив вкус, мора со месеци да стојат во саламура.

Но, има произведувачи кои се служат со различни трикови за да го прескокнат долгиот процес на созревање, па зелените маслинки ги бојадисуваат со дозволени вештачки бои.

Бојадисувањето на маслинките е законски дозволено, но тоа мора да биде назначено на декларацијата на производот.

Постои уште еден начин да дознаете дали маслинката е обоена – тоа се гледа по семката; црната маслинка има и црна семка.