Потребни состојки:

1 литар вода

220 г палента

Масло

Морска сол

За наросување:

Суви зачини: магдонос, рузмарин, мајчина душичка, пипер

Пармезан

Постапка:

Ставете ја палентата со малку сол во ладна вода и сварете ја на класичен начин. Излејте во тепсија 20 см претходно намастена со масло. Оставете да излади 15-тина минути, а потоа покријте ја со проѕирна фолија и оставете целосно да излади.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изладената палента исечкајте ја на ленти како помфрит. Тепсијата обложете ја со хартија за печење па наредете го помфритот. Наросете малку масло и морска сол па печете. Времето на печење зависи од јачината на рерната и од тоа колкави парчиња сте исекле, но отприлика е 25 минути.

Готовиот помфрит наросете го со суви зачини и послужете со кечап или некој сос по ваш вкус.