Новата година значи нова шанса за нов почеток. Сепак, некогаш и најдобрите планови се уништуваат, особено тогаш кога универзумот испланирал нешто друго за вас. Секако, тоа не значи дека ќе се препуштиме на судбината, туку ќе ги слушаме знаците и пораките за да тргнеме во вистинската насока. За тоа може да ви помогне и еден збор кој ќе ве води низ 2018-та година и кој ќе ја одбележи годината на вашиот знак.

Овен: Откривање
Во 2018-та година Овенот ќе биде фокусиран на својата природа, односно ќе го пребара секој агол, пукнатина и дупка од својот живот. Во текот на тој процес, ќе научи многу неверојатни работи за себе, но и ќе се соочи со лоши искуства. Ќе има можности да открие и делови од сопственото минато што ќе ја направи неговата иднина уште појасна.

Бик: Уживање
Биковите секогаш на прво место ги ставаат потребите и желбите на другите, а самите си се помалку важни. Во 2018-та година тоа ќе се промени и припадниците на овој земјен знак конечно ќе се стават себеси на првото место и тоа ќе го прават без никаков проблем и без оправдувања затоа што ќе уживаат како никогаш порано.

Близнаци: Движење
Припадниците на овој воздушен знак во 2018-та година постојано ќе бидат во движење и никој нема да може да ги запре. Целиот труд кој Близнаците го вложиле во минатата година, конечно ќе почне да се покажува како исплатлив, и во оваа година ќе напредуваат со мали, но со и големи чекори. На Близнаците среќата ќе им биде наклонета и во работата и во љубовта додека се движат во откривање нови, возбудливи територии.

Рак: Усогласеност
Сензибилните Ракови може да се опуштат, бидејќи оваа година во нивните животи сѐ ќе дојде на свое место и ќе се усклади. Последните седум години за Раковите не беа лесни, вклучувајќи ги и финансиите, несигурностите на работа, па дури и здравјето. За среќа, ѕвездите одлучуваат да бидат на нивната страна и ќе им ја дадат потребната хармонија која ќе им доведе стабилност и среќа во иднина.

Лав: Расплет
Последните неколку години Лавовите ги поминале водејќи живот каков што мислеле дека сакаат, но сега јасно гледаат дека тој пат всушност никогаш не им бил суден. Во 2018-та година конечно ќе го доживеат посакуваниот расплет и ќе добијат прилика да започнат одново за да создадат нешто поубаво и нешто со повеќе смисла од она претходно.

Девица: Сигурност
Во 2018-та година Девиците ќе го фрлат сидрото и конечно ќе пронајдат сигурно и стабилно копно. И не само тоа! Девиците ќе им дадат и сигурност на другите околу себе кои низ мудроста на овој земјен знак ќе пронајдат инспирација и охрабрување. На хоризонтот исто така им се наоѓа и стабилна љубовна врска и лојалност.

Вага: Самодоверба
Во 2017-та година Вагите доста се мачеа со своите љубовни односи и постигнувањето на целите, но во 2018-та конечно ќе ја добијат потребната самодоверба. Како светлото да се запали за Вагите, па тие конечно гледаат колку се способни да постигнат сѐ што ќе посакаат. Новооткриената самодоверба во нивниот живот ќе им донесе и нова љубов која ќе ја разбира нивната интензивност и идеализмот.

Скорпија: Изобилство
Скорпиите последните 3 години ги поминаа во настојување да ги остварат своите соништа. Во 2018-та година трудот конечно ќе им се исплати и ќе уживаат во плодовите на својата работа. Но, не само професионално, тие во сите аспекти на животот ќе имаат изобилство. Во работата можат да очекуваат само успех и признавање. Во љубовта, тие ќе почнат нови врски, или ако веќе имаат партнер, врската ќе им зајакне.

Стрелец: Откажување
Мантрата на Стрелците во 2018-та година е: „Што биде, ќе биде.“ Тие сакаат да ги држат сите конци во рака, но оваа година ќе научат дека едноставно не можат да имаат сè под контрола. Добрата вест е што работите на крајот сепак ќе се решат, без оглед на тоа дали тие ќе се нервираат за нив или не.

Јарец: Трансформација
Во текот на последните неколку месеци Јарците беа опседнати со некои настани од минатото. Меѓутоа, во 2018-та година тоа се менува и конечно ќе почувствуваат олеснување. Тие копнееле за нешто поразлично и универзумот конечно ќе ги чуе. До летото ќе донесете одлуки кои ќе ви го променат животот. Некои можеби ќе бидат тешки, но ќе ви дадат крилја за да почнете од почеток и да си ја пронајдете среќата.

Водолија: Развој
Водолиите во 2018-та година ќе ги развијат своите таленти, соништа и цели. Оваа година им е судено да се изненадат себеси со тоа колку далеку можат да стигнат. Така ќе ги откријат сите неверојатни можности кои се пред нив.

Риби: Светлост
Зборот кој на Рибите ќе им ја одбележи 2018-та година има две значења. Прво е леснотија на духот. Минатата година животот им бил тежок, но во 2018-та ќе ја пронајдат радоста што им недостигала. Другото значење се однесува на минатото и на нивната намера да ги гледаат работите такви какви што се, истовремено земајќи максимум од она што го имаат.