Засадете ружа од гранче – прво дома, па кога ќе се стопли, префрлете ја во дворот или на тераса

Добиваме и подаруваме цвеќе за различни пригоди: за 8.март, родендени или било каков вид на прослава. Тажната работа кај сеченото цвеќе е што тоа брзо свенува и умира.

Сепак, со помош на овој трик можеме да им помогнеме на ружите повторно да пораснат и тогаш ќе можете да уживате долго, долго време во нивниот преубав мирис.

Ќе ви биде потребно:

-исечена ружа

-компир

-пластично шише

-земја

-саксија

Одберете ружа каква што сакате да засадите. За почеток, отстранете ги сите листови и исечете го стеблото под агол од 45 степени.

Ако цветот се’ уште не започнал да свенува, можете даго ставите во чаша вода и да уживате во него уште неколку дена.

Сега на ред доаѓа компирот. Прободете дупка со величина на стеблото на ружата па набодете ја. Бидете сигурни дека гранчето е стабилно и не мрда.

Пополнете ја саксијата со 2/3 земја па ставете го комирот со ружата во неа.​

​​

Потоа пополнете ја саксијата со земја и добро притиснете околу ружата. Речиси поголемиот дел од работата е завршен.

Единствена работа која ви недостига е исечено пластично шише кое ќе му овозможи топло и угодно место за раст на гранчето.

Првите знаци на живот би требало да се појават наскоро.

Погледнете го и видеото: