Кога пред неколку години и бил дијагностициран рак на дојка, докторите и предвиделе дека ќе живее само уште 2 месеца. Во тоа време проф.Џејн Плант живеела и работела во Кина, па можеби токму тоа било клучно за нејзиното преживување.

Заедно со сопругот кој исто како неа бил научник, започнале очајничко истражување на кинеското традиционално живеење и трагање по тајните за здрав живот кои се познати кај овој народ. Имено, познато е дека во Кина имал најмал процент на заболени од рак на дојка.

По темелно истражување, таа дошла до заклучок дека Кинезите не консумираат млеко и некои млечни производи. Напротив, Кинезите го нарекувале млекото: “течна форма на животинско виме”, и чувствувале одвратност кон него. Оваа одбојност кон млекото се задржала како традиција кај овој народ.

Согледувајќи го ова, Џејн целосно ги исфрлила сите млечни производи од своето мени и за сеопшто чудо, таа сосем оздравела. За 10-тина дена откако Џејн започнала со апстиненција на млечни производи, кај неа било забележување исчезнување на туморите.

Проф. Плант издала книга на оваа тема со наслов “Зошто жените во Кина не заболуваат од рак на дојка”. Таму таа опишува дека безмлечната диета може да помогне и кај други видови на рак, најмногу на хормонална основа. И до ден денес таа не пие млеко и тврди дека е неприродно за човек да консумира течности кои доаѓаат од животни.

Ова е историјата на проф Џејн Плант, која докажува дека човек може да се излечи од рак и без лекови, бидејќи најважно за еден организам е правилната исхрана. Сепак алтернативните методи можат да помогнат, но никако да се сметаат како чудотворен лек. Познато е дека од исхраната во голема мера зависи развојот на болестите и дека со правилна искхрана го штитиме текото од нив.