За топење на салото и целулитот пијте леден зелен чај со чиа семе (рецепт)

Потребни состојки:

1 чаша вода

1 лажица чиа семе

1 лажица листови од зелен чај

Неколку листови нане

Половина чаша мраз

Половина исцеден лимон

Постапка:

Чиа семето потопете го вода за да набубри, околу половина час или помалку.

Потоа ставете една чаша вода на оган. Пред да зоврие ставете една лажица сув лист од зелен чај и гответе со исклучена рингла уште 3 минути.

loading...

Во поголема чаша или бокал процедете го чајот, оставете да подизлади па додадете мраз, неколку листови од нане, сок од лимон и набубреното чиа семе.

Напитокот пијте го секој ден на гладно, најдобро наутро.

Секој трет ден можете да го замените со следниот напиток:

Во чаша со кокосова вода додадете една лажичка мелено чиа семе, половина лажичка спирулина и половина лажичка пченична трева во прав.

Измешајте ги сите состојки и оставете ги неколку минути додека семките постанат желатинозни. Потоа испијте го напитокот.