За само три дена ослабете четири кг – ЈОГУРТ диета

Доколку сакате за многу краток период да ги отстраните масните наслаги и да го исчистите организмот, утринскиот напиток ќе ви стане најважната состојка со која ќе ги приготвувате вкусните јадења во текот на денот.

Почетокот на годината е идеалниот период за да се ослободите од вишокот килограми кои сте ги добиле во текот на новогодишните празници. Доколку јогуртот е еден од вашите омилени пијалаци, тогаш ние го имаме совршеното решение за вашиот проблем.

Јогурт-диетата трае само три дена, а освен што ќе ги истопите масните наслаги, организмот ќе се ослободи од сите наталожени штетни материи!

Комбинациите со јогуртот не се избрани случајно! Напротив, секоја состојка има своја функција во диетата, и затоа е многу важно придржувањето до точниот редослед.

ПРВ ДЕН

Појадок: наутро изедете овошен или обичен немасен јогурт со снегулки по желба.

Ручек: на маслиново масло продинстајте зеленчук и на крајот помешајте го со претходно сварен ориз. Освен сол и црн пипер, не смеете да додавате други зачини.

Десерт: овошен јогурт.

Вечера: Пред спиење ќе ве засити салата со шунка и морков. Значи, изрендајте еден морков, едно јаболко и 50 г шунка, и сето пропржете го со малку маслиново масло. На крај, се’ измешајте со немасен јогурт.

ВТОР ДЕН:

Појадок: За салата од краставички ви се потребни јогурт и краставица која ќе ја исечкате на мали коцки и на крајот ќе ги помешате.

Ручек: Посолете и запиперите малку мисиркино месо исечкано на коцки, па испечете на маслиново масло. Додадете исечкани печурки, една пиперка и еден домат. Кога зеленчукот ќе смекне, додадете јогурт.

Вечера: две чаши јогурт помешајте со неколку бобинки шумско овошје.

ТРЕТ ДЕН:

Појадок: Со јогурт измешајте сирење, исечкано јаболко и малку цимет, па на крај малку посолете и запиперите.

Ручек: Испечете 150 г филе од ослич, а како прилог направете салата од јогурт, исечкана краставица и малку сенф.

Вечера: Сварете 100 г тестенини, додадете исечкана пиперка и варено јајце. Сето заедно измешајте со јогурт.