За јакнење на организмот, подобра крвна слика, суперимунитет – вкусно!

Рецептот го добив од мајка ми а таа којзнае од кого, не е ни важно. Мене ова ми е многу вкусно а воедно е и многу здраво. Ова мајка ми веќе со години го прави а јас сум го направила само еднаш. Причината за тоа е што мајка ми секогаш ми испраќа неколку тегли за јас да не морам да се мачам : – ) мама си е мама : – )

Потребни состојки:

1 кг цвекло

1 кг морков

1 кг целер

1 кг јаболка

1 кг лимон

1 кг мед

Постапка:

1.Цвеклото излупете го. Користете свежо цвекло. Морковот и целерот исто така излупете ги. Јаболката корситете ги со кора, но мора добро да ги измиете и по можност да бидат непрскани. Лимонот нека отстои во раствот од сода бикарбона, па добро измијте го и него, бидејќи се користи со кора.

Сите состојки сомелете ги во машина за мелење месо (на ситна решетка) или во блендер. Прелијте со мед, добро измешајте и складирајте во тегли.

2.Бидејќи се добива голема количина, не е лошо да го замрзнете бидејќи може да се расипе. Или пак, во еднаков однос намалете ги количините, па правете на почесто. Вадете тегла по тегла, како трошите.

Мајка ми ги замрзува стаклените тегли и нема проблем. Досега не и се случило да и пукне или нешто слично. А може да се пакува и во пластични садови.

Употреба:

Се користи секое утро по две супени лажици. Мене многу ми се допаѓа па си земам и во текот на денот по една лажица. Не може да наштети.