Златното млеко е пријатен и топол напиток кој е исклучително корисен за ’рбетот и коските воопшто.

Помага при повторно воспоставување на ’рбетното подмачкување’ и ги испира наслагите од соли.

Корисен е за хематопоеза (формирање на крвни клетки со клеточна делба и диференцијација на матичните клетки во коскената срцевина), дебело црево, нервен систем и коскено ткиво.

Златното млеко е магичен напиток кој исто така помага во продолжување на младоста, го нормализира целиот дигестивен систем, има благотворно дејство на црниот дроб, ги елиминира токсините, го подобрува тенот и овозможува долговечност.

Многу е ефикасно при артритис и артроза, бидејќи со консумирање на Златно млеко се зголемува подвижноста на зглобовите.

Како се приготвува златно млеко?

За почеток, пригответе паста од куркума.

Ќе ви биде потребно 40-50 г куркума и 100-150 мл вода.

Во куркумата додадете вода, промешајте и ставете на оган да зоврие. Гответе околу 7-8 минути додека да згусне.

Постојано мешајте. Ако мешавината е премногу густа, разредете ја со малку вода. Смесата треба да личи на густ јогурт.

За тоа време пригответе го млекото, за кое ќе ви биде потребно:

– 250 мл млеко

– 2 лажици (40 мл) сирово нерафинирано бадемово масло (по желба)

–мед по вкус

Млекото зовријте го и во него додадете бадемово масло. Тргнете од оган и наточете во шолја. Додадете 1 лажичка од претходно приготвената паста. Засладете сомедпо вкус.

Пастата од куркума можете да ја приготвите во поголема количина за подолг период. Во замрзната состојба ги задржува својствата до 40 дена. Пастата се чува во фрижидер.

Готовата паста можете да ја додавате во топло млеко или чај, по една лажичка, заедно сомеди растително масло по желба (ладно цедено).

Златното млеко се препорачува да се пие на празен стомак, пожелно е наутро и пред спиење.

Се пие 40 дена, односно двапати годишно, по 40 денови.

Внимание:оние кои имаат проблем со жолчната ќеса – подобро да не ризикуваат, бидејќи куркумата има диуретички ефект.

Што се’ лекува куркумата?

Современата наука како и традиционалната медицина, високо ја цениоваа лековита билка. Жолтиот куркумин е главната активна состојка наоваабилка.

Лековитоста на куркумата се објаснува со тоа што лутиот вкус наоваабилкаги убива микроорганизмите и паразитите, го уништува вишокот слуз, масти, лепливи токсини, го поттикнува крвотокот и комплетно метаболизмот.

Горчливиот вкус е најдоброто средство против труење, грозница, воспаление, болести на крвта и кожата. Исто така, ги отстранува чиревите, салото, потта, гнојот, јадежот, го чисти мајчиното млеко, матката, црниот дроб..