За да го избегнете ракот – направете го овој рецепт

Викторија Семјонова е експерт од областа на природното лекување. Со светот го подели својот рецепт за радикално чистење на цревата.

За овој рецепт ќе ви бидат потребни следните состојки:

½ кг морков

½ кг цвекло

1 рака суви кајсии

1 рака суво грозје

1 лажица мед

Би било пожелно доколку сите состојки потекнуваат од органско производство.

ПОСТАПКА:

Земете по половина килограм свежи моркови и исто толку сирово цвекло. Ситно исечкајте го или сомелете го, па ставете го во неоштетен емајлиран сад. Прелијте со врела вода така што водата да биде два прсти над зеленчукот.

Потоа додадете по една рака сечкани суви кајсии и суво грозје. Ставете го лонецот на оган да зоврие. Веднаш тргнете го од оган и поклопете.

Кога малку ќе излади, додадете една лажица мед и оставете да отстои уште 12 часа на ладно и суво место.

После тоа процедете ја течноста низ густа газа или цедалка.

Течноста се пие, а останатото можете да го искористите за приготвување на некое јадење.

Оваа количина е доволна за два дена.

Употреба:

Пијте по половина чаша (100-150 мл) трипати дневно пред оброк.

Чистењето на цревата на овој начин треба да трае еден месец. После тоа тие ќе бидат препородени. Преостанатата течност чувајте ја во фрижидер. Оваа течност е корисна за лекување карцином, но и како превенција од оваа болест.