Честите временски промени и намалувањето на температурата за десетина степени сериозно влијае на здравствената состојба. Мака имаат и здравите и хронично болните. Чести тахикардии, варирање во крвниот притисок, главоболки но и стрес и нервоза се само дел од последиците предизвикани од температурните шокови.

-Многу ми смета, еве одам како пијана како да сум пиела нешто. Цела ноќ не сум спиела, седев на тераса. Вртат колкови, раце, тешко е многу, реагира една госпоѓа.

Намалување на одбрамбената состојба на организмот е состојбата која според лекарите настанува кога има драстично намалување и варирање на температурите. Велат, има причина зошто во такви услови некој е многу нервозен а друг чувствува болки и во рацете и во нозете.

-Доаѓа до лачење на хормонот на стрес и тогаш има чуство на тежина, зголемена раздразливот, од друга страна се намалува лачењето на хормонот за прагот на болка па многумина чуствуваат ревматски болки, главоболки, варијации во крвниот притисок, велат од Брза Помош

Чуствутелноста на временските промени може да стане најчеста болест на модерното општество и според лекарите најдобар лек е што повеќе време да се поминува во природа.

-Ние сме генерација која живее и работи во затворени простории. Треба повеќе раздвиженост надвор, повеќе течности и добар сон, советуваат лекарите

Овие здравствени проблеми граѓаните ќе ги чувстввуаат уште најмалку 4 дена, кога треба да дојде до зголемување на температурите.