Најчеста причина за болест на непцата е гингивитисот, како и недоволната орална хигиена и пушењето.

Поретко, причина можат да бидат и недостаток на некои витамини и минерали, осетливост на четката или пастата за миење заби, или течноста за испирање на усната празнина.

Отеченото ткиво на непцето може да биде испакнато и црвено. Оваа состојба може, но и не мора да биде болна, но нивното запоставување и нелечење, можат да доведат до сериозни проблеми, па и губење на забите!

Посебно обратете внимание на овие симптоми:

Промени во загризот

Крварење на непцата

Лош здив

Создавање “Џебови”

Оние кои имаат проблем со постојано воспаление на непцата, имаат поголеми шанси да заболат од дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, болести на срцето, плуќата, како и компликации во бременост.

Воспалението на непцата може да се надмине со правилна орална хигиена, здрави навики во исхраната и едноставни постапки кои можете да ги испробате и дома.

Ние ќе ви предложиме неколку народни рецепти, но, при долготрајно и упорно воспаление на непцата, обратете се кај вашиот матичен стоматолог!

Еве како да си помогнете:

ТОПЛИ И ЛАДНИ ОБЛОЗИ

Топлите и ладни облози, наизменично, ќе ви ги олеснат проблемите и болката. Облозите држете ги на лицето, не на гингивата.

Газата прво потопете ја во топла вода и исцедена држете ја на лицето 5 минути. Потоа земете смрзнато овошје или мраз кој ќе го ставите во пластична вреќичка и држете на лицето дури не почне да трне.

СОЛЕНА ВОДА

Солената вода ги елиминира бактериите од усната празнина и на тој начин го намалува ризикот од инфекции кои се причина за разни заболувања во усната празнина.

Наједноставен начин за примена е жабуркањето со солен раствор.

ВРЕЌИЧКИ СО ЦРН ЧАЈ

Црниот чај содржи танини кои го ублажуваат воспалението на непцата, но има и одлични антивоспалителни својства.

Ставете изладена вреќичка чај на заболеното место и држете 10 до 15 минути. Потоа измијте со млака вода, а постапката повторувајте ја еднаш дневно, неколку дена.

ЖАБУРКАЊЕ СО МАСЛО ВО УСТАТА

Било да се работи за гингивитис или не, жабуркањето со ладно цедено масло може да ви помогне за многу болести на усната празнина.

Се препорачува масло од кокос. Секој ден наутро, земете едно кафено лажиче масло од кокос и жабуркајте во устата 10-15 минути, а потоа исплукајте го, па измијте ги забите, како и обично.

ВИТАМИН “Д” И ПРАВИЛНА ИСХРАНА

Витаминот Д дејствува антивоспалително и го спречува отокот на месото над забите. Покрај тоа, му помага на телото да го искористи калциумот од исхраната. Ја зголемува густината на коските и забите…

Рибата, јајцата и семките од сончоглед се добар извор на витамин Д, но тој е достапен и како додаток на исхраната.

Освен витамин Д и калциум, за здрава усна празнина и гингиви потребен е и витамин Ц, како и фолна киселина.

Кусокот од сите овие елементи може да биде причина за оток на непцата, а покрај тоа, препорака е редовна дентална хигиена, како и чиста четкичка за заби.