Потребни состојки:

1 чаша гриз

1 чаша остро брашно

1 чаша шеќер

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

Јаболка по потреба и желба

Цимет по желба

Путер/маргарин по потреба

Постапка:

Предложените количини овде се исклучиво информативни. Инаку, која било величина на чаша да ја одберете, ќе излезе добар рецептот.

Само треба да внимавате односот на намирниците да биде распореден во правилни третини.

Во подлабок сад ставете 1 чаша од 300 мл – брашно, иста чаша гриш, и на крај шеќер. Додадете еден прашок за печиво и еден ванилин шеќер. Сите суви состојки добро измешајте ги.

Дното на тавчето намастете го и набрашнете го за да не се лепи колачот, а потоа преку тоа со раце истурете ја сувата смеса (гриз, шеќер и брашно).

Слојот од сувата смеса не треба да биде дебел, туку доволен да го покрие а сепак да не се гледа дното на тавчето.Преку сувата смеса наредете обилна количина рендани јаболка (не е потребно претходно да се цедат) со малку мелен цимет.

Преку јаболката повторно истурете од сувата смеса додека целосно не се прекријат јаболката.

Постапката повторувајте ја додека имате продукти.

На крај врз колачот нарендајте путер или маргарин и ставете да се пече во рерна на 200 степени околу 40 минути или додека да добие убава златна боја.

Ukusnajela.com