Фото и рецепт: Елена Ангелевска

Потребни состојки:

1 кг брашно
500 мл млеко
1 коцка квасец
1 филџан за кафе масло
2 јајца
1 супена лажица сол
1 супена лажица шеќер
1 маргарин/путер
сусам за наросување

Постапка:

Квасецот со шеќерот се растопуваат во млекото кое претходно сме го замлачиле. Па се додава маслото и јајцата па се замесува тестото. Солта претходно се става во брашното.

Откако ќе се измеси тестото, се дели на три дела, а исто и маргаринот се дели на три дела.

Се зема едно топче, се расукува и се премачкува со маргаринот. Потоа се преклопува од страните, па пак со маргаринот се премачкува и пак се дипли.

Исто се постапува и со другите две теста, Се ставаат во чинија, секое посебно, па во фрижидер за длабоко замрзнување да отстојат половина час.

Потоа се зема едно тесто и се сучи колку што е тепсијата па се става фил по желба, на пример урда со праз.

Се расукува и втората кора, па се става врз филот и над втората кора повторно се реди фил. Третата кора се сучи и се става врз филот.

Не се става ништо врз третата кора. Се сечат ленти по должина и секоја лента се врти како да цедиш алишта и се редат во намастена тепсија едно до друго.

Се остава на нараснат, се мачкаат со јајце и сусам, па се печат. Преубави се, тестото е многу меко.

Фото и рецепт: Елена Ангелевска