За да направите вакво тестирање ќе ви биде потребно:

500 грама гасена вар

1 бокал

Постапка:

Истолчете ја варта во прав доколку има грутки и ставете ја во бокалот.

Оставете го бокалот во просторијата која сакате да ја проверите 24 часа.

Потоа, извадете ја варта од бокалот и измерете ја, или измерете го бокалот заедно со варта, но одземете ја тежината на бокалот.

Резултати од тестот:


Доколку, тежината на варта се зголемила само и за 1 грам, тогаш можете да бидете убедени дека собата ви е здрава и дека во неа можете да живеете.

Но, доколку за 24 часа тежината на варта се зголемила за 5, 6 или повеќе грамови, тогаш тоа е индикатор дека во просторијата има влага.

Особено е добро, оваа постапка да се примени во ново-соѕиданите куќи.

Од големиот народен учител – Пелагич