Вкусно тесто за пица и фурнаринки

Баравте рецепт за совршено пица тесто кое ќе може да го искористите и за фурнаринки со кашкавал? Имаме еден брз предлог кој може да се модифицира според вкусот и потребата.

Потребни состојки:

  • 250 мл топла вода
  • 2 1/4 лажички сув квасец
  • 1 лажица мед или шеќер
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички маслиново масло
  • З шолји брашно

Постапка:

Измешајте го квасецот co медот или шеќерот во топлата вода. Оставете 10-15 минути додека квасецот да се активира.

Додате сол, масло и половина од брашното, па добро промешајте. Остатокот од брашното додавајте го постепено, додека да добиете меко тесто кое не се лепи.

Потоа, месете го околу 6 минути. Оставете го да нарасне 1-2 часа во сад прекриен со пластична фолија.

Обликувајте го како за пица или фурнаринки и наредете ги намирниците кои ги сакате.

Ако сакате да направите пица, премачкајте го тестото со доматен сос, нарендајте кашкавал, ставете свежи печурки, салама по желба…

Ако сакате да направите фурнаринки тестото премачкајте го со 2 лажици растопен путер, па додадете кашкавал и сирење по желба.