Вкусни шарени бомбици – брзо, едноставно, без валкање на садови

Фото и рецепт: Анета Ане

Потребни состојки:

400 г мелени бисквити

300 мл млеко

100 г сусам

100 г кокос

1 растопено на пареа чоколадо црно

2 лажици рум

200 г шеќер

1 ванилин шеќер

2 лажици чоколадо во прав

Постапка:

Сите наведени состојки се замесуваат убаво со лажица, треба да се добие потврда смеса која ја оставаме во фрижидер убаво да се стегне. Потоа кинеме по малку, правиме топчиња и ги валкаме во шарени трошки, чоколадни трошки, кокосово брашно или по ваша желба. Бомбиците се многу вкусни.