Потребни состојки:

  • 500 г лазањи
  • 500 г печурки
  • ¾ шолја зелена пиперка сечкана
  • ¾ шолја сечкан кромид
  • 3 чешниња лук ситно сечкано
  • 2 тегли доматен сос за тестенина
  • 400 г рикота сирење
  • 4 шолји рендана моцарела
  • 2 јајца
  • ½ шолја пармезан
  • тиквички исечкани на тркалца (произволно)

Начин на приготвување:

Тестината сварете ја според упатството на пакувањето, исплакнете со ладна вода и оставете да излади.

Во голема шерпа пропржете печурки, пиперки, тиквички, кромид и лук. Додадете го сосот за тестенини и оставете да зоврие.

Гответе 15-тина минути па оставете на страна.

Во сад помешајте рикота, 2 шолји моцарела и јајца.

Во тепсија истурете една шолја од сосот, па наредете лазањи, па наросете со рикота и пармезан, па повторувајте додека да се потрошат намирниците.

Одозгора наросете со моцарела и пармезан па печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени.