Вкусен ручек набрзина –ТОПЧИЊА- ни донесе колешката и трошките ги изедовме

Потребни состојки за основа: 

  • 1 кг компир
  • 1 јајце
  • 1 лажица сол
  • 100 г кашкавал
  • 100 г шунка
  • 2 лажици млеко
  • 20 г путер или маргарин
  • перциња од млад кромид

за панирање:

  • 1 јајце
  • 2 лажици млеко
  • презла по потреба

Постапка:

1.Изрендајте или исечкајте ситно шунка и кашкавал, како и зелените перциња од малд кромид.

2.Сварете го компирот, излупете го и додека е топол изгмечете го во пире.

3.Додадете малку путер, сол, две лажици млеко и измешајте…кога ќе излади додадете јајце, сечканите шунка, кашкавал и кромитче.

4.Од добиената смеса правете топчиња со величина по ваша желба.

5.За панирање изматете едно јајце со 2 лажици млеко, па топчињата валајте ги прво во јајцето, а потоа во презлата и пржете ги…најубаво е двапати да ги ставите во јајце и прела па уште еднаш во јајце, па презла…

Ова е одлично брзо јадење а можете да го послужите и како мезе.