Ви претставуваме вистинска куќа од соништата, која комплетно ги исполнува желбите на нејзините сопственици. 

Нивната желба била постојано да се во допир со природата, и секој миг да уживаат во домот, чувствувајќи ја радоста и убавината на природата во секое катче од него, подеднакво и внатре и надвор. 

Нивните хедонистички визии, поддржани од дизајнерската умешност на Carla Rotaeche и Ana Pardo од локалното студио R&S, резултираат со прекрасно здание за хармоничен семеен живот. 

Иако е во непосредна близина на урбаниот Мадрид, воодушевува со идиличниот природен амбиент, со ведрата енергија и раскошот од бои, со комфорот, како и топлината и свежината која се вдишува. 

Пријатните релаксирачки дразби за сетилата се вдахнати буквално во секој агол и простор. 

Во уредувањето на ентериерот доминираат суптилноста и смиреноста, преку мешавина на пастелни и неутрални тонови во собите, стилизирани со традиционални парчиња мебел, меки ткаенини, интересни текстури и дрвени допири. 

Акцентот  е ставен на цветните мотиви, интегрирани во ентериерот со флоралните дезени, апликации, тапети и декорации од живо цвеќе. 

Однадвор, пак, мамат воздишки атрактивната романтична градба со многубројни прозорци, деликатно уредената тераса со декор во интензивни бои, расцутената градина со зеленило, пространиот базен и преубавата орнаментална чешма. 

Одличен пример за спојот на архитектурата и природата во креирањето совршено место за живеење, со неверојатна естетика и функционалност. 

Погледнете ги фотографиите во продолжение и пронајдете ја омилената инспирација за вашиот дом.

divianartsarts.com