Формирањето на бактерии не е најлошото што може да ве снајде.

Можеби веќе некаде сте прочитале или слушнале дека ако не одите во тоалет веднаш кога ќе почувствувате потреба, тоа не е здраво за вас. Веројатно тоа веќе сте го сфатиле во некој момент од вашиот живот, но нема да знаете зошто.

Имено, ако често се задржува урината на подолг временски период, се јавува ретенција на урината.

Поради оваа лоша навика повеќе нема да бидете во состојба целосно да ја испразните бешиката, бидејќи мускулите на мочниот меур ќе ослабат.​

Ова е исто така одлична основа за формирање на бактерии, што веројатно ќе доведе до чести инфекции на бешиката и уринарните патишта.​

Во екстремни случаи, оваа лоша навика може дури да доведе до пукање на мочниот меур! Иако овие случаи се многу ретки, сепак, познати се некои примери кога кај луѓето кои предолго време ја задржувале урината во бешиката, настанало пукање на истата и се завршило, за жал, со смрт.