Ниедна домаќинка не сака да го чисти шпоретот. Хемиските средства кои се користат за оваа намена се многу токсични и иако се користат заштитни ракавици, испарувањата што се вдишуваат може да бидат многу штетни по здравјето.

Додека се подготвува ручекот нема начин да се заштити шпоретот од маснотиите кои прскаат на сите страни, освен ако претходно целосно сте го бандажирале. Во спотивно следат маки сето тоа да се исчисти. Сепак, постои едноставно и практично решение кое нема да ве чини скапо.

Ова средство навистина делува и чисти, а притоа не содржи опасни хемикалии.

Потребни состојки:

-памучна крпа

-стара четка за заби или жица за чистење

-алкохол

Доволно е алкохолот да го нанесете на крпа и со неа да поминете по шпоретот или рерната. Исто така, ако површината е исклучително валкана, најдобро е алкохолот да го нанесете врз нечистотиите, да оставите да отстои, а потоа да избришете со крпа.

Доколку дамките не се исчезнати, повторно истурете алкохол, а потоа со жица или четка за заби истријте, па потоа пребришете.