Славните одамна почнаа да го обожуваат овој т.н. еликсир на младоста

Можеби зелените кашести сокови не ви се први на списокот од најдраги оброци, но тие се совршени за две работи: слабеење и физички/психички напор. Фитнес тренерите и популарните лица веќе одамна започнаа да го консумираат и го обожуваат, па слободно можеме да кажеме дека зелениот сок е тајната состојка на сите оние кои се фалат со својата витка линија.

Лесно се прави, а всушност, иако можеби зелената боја не ви е многу привлечна за консумирање, сепак, овој напиток е многу вкусен.

Она што ви е потребно е една банана и било каков зелен зеленчук: спанаќ, блитва, кељ...Вкусот може да го подобрите со малку мед, а што се однесува до течните состојки може да користите вода, кокосова вода, млеко или јогурт, па дури и зелен сок. Слободно додадете и некое друго овошје за подобар вкус – јаболка, нектарини, бобинки, ѓумбир…

Еве што добивате од овој напиток:

1.Еликсир – бидејќи содржи хлорофил кој помага во изградба и обнова на крвни клетки, а истовремено го спречува нивното стареење, како и појава на карцином, слободно можеме да кажеме дека зелените сокови се вистински еликсир на младоста.

2.Се алкализира организмот – се намалува киселоста на организмот, се подобрува квалитетот на крвта и придонесува за елиминација на тешки метали од организмот бидејќи ги врзува за себе истите.

3.Делува антиоксидативно – го ослободуваат телото од токсини кои го успоруваат нашиот дигестивен систем и создаваат вишок масти.

4.Ја подобрува дигестијата и перисталтиката на цревата – со добар блендер се раскинуваат силните врски на растителните клетки и нивните обвивки, а со тоа се олеснува апсорпцијата на хранливите состојки. Покрај тоа, за разлика од бистрите сокови кои содржат само вода, фруктоза и витамини, овие смудија содржат и целулозни влакна кои го олеснуваат исфрлањето на екскрементот.

5.Хранливост – ги содржат сите потребни нутриенти за нашиот организам бидејќи овие намирници не се обработуваат термички.

6.Придонесува за регулација на холестеролот – растворливите влакна во зелените сокови се врзуваат за холестеролот и го исфрлаат од организмот, што доведува до намалување на неговото ниво во крвта.

7.Помага во регулација на телесната тежина – стимулираат подобра работа на цревата, што осигурува нивно редовно празнење па се одличен природен лаксатив, а освен што го забрзуваат метаболизмот, даваат и долготрајно чувство на ситост.

8.Телото се полни со енергија – при дигестијата на вообичаените оброци се троши многу енергија и се добива мноштво отпад, токсини и недоволно течност. Резултат на тоа се јавува умор и закиселување на телото. Кај зелените кашести сокови, енергијата, хранливите состојки и водата со леснотија минуваат во крвотокот веќе после 10 до 15 минути, па организмот се чувствува закрепнато и освежено.

9.Се подобрува изгледот на косата, ноктите и што е најважно, на кожата – освен што ќе добиете поубав изглед на вашата кожа, ќе се ослободите и од некои доста сериозни кожни заболувања, како што се осип, рани, акни, лузни, псоријаза, егземи и друго.

10.Се подобрува памтењето и концентрацијата – поради магичниот хлорофил во својот состав, содржи доста кислород, а мозокот и сите телесни ткива функционираат оптимално во околина со висок степен на кислород.