Дали ве болат стапалата, особено подрачјето на петите? Тоа многу влијае врз вашите активности, зар не?

Доколку често чувствувате вакви болки, треба да внимавате какви обувки носите. Не ностите често штикли бидејќи тие доведуваат до вакви проблеми и деформитети. Носете обувки кои ќе ви бидат удобни, а особено обратете внимание на бројот кој мора да ви одговара.

Исто така, вакви проблеми може да се случат кај дебели луѓе, па иако не носат високи потпетици, тие чувствуваат болки. Затоа, мора да ја доведете килажата во нормала.

Доколку петата ве боли постојано, најдобро е да направите снимка, бидејќи можно е да станува збор за „петен трн“, калцификати од неправилна исхрана или наследен фактор, или пак од претрпена траума или некое воспаление.

Што значи дека, мора да обратите внимание на некои од овие работи кои претходно ви ги наведовме, бидејќи телото трпи болки, и не само што страдате вие, туку страда и вашата продуктивност и квалитет на живеење.

Ова се некои нечини со кои можете да ги намалите болките:

Кокосово масло: тоа е едно од најздравите масла и одлично е за кожата. Масирајте ги болните подрачја и ќе забележите дека болките ќе се намалат, а притоа ќе се разубави вашата кожа.

Јаболкова киселина: Познато е дека се користи за намалување на температурата. Натопете стари чорапи, облечете ги па врз нив навлечете најлон кеса. Оставете да делува. Доколку сакате да се ослободите од болки во стапалата, потопете памук во оцет и нанесете на болните места.

Мраз: Земете коцка мраз и ставете на болното место.

Сода бикарбона: Помешајте малку сода бикарбона со вода и направете паста. Нанесете ја на болното место и измасирајте. Оставете да делува па исплакнете.