Ако сте една од оние жени кои не им оставаат бакшиш на фризерите, добро размилете повторно за тоа.

Секако, ова што ќе го прочитате подолу не важи за сите фризери подеднакво, но не е лошо да се знае…

Имено, фризерите се луѓе кои си ја сакаат својата работа и обично уживаат во неа, но мора да се признае дека напорна кога ќе се земе во предвид дека постојано се изложени на хемикалии, стојат цел ден на нозе, често работат прекувремено и што е најважно – работат со жива материја, односно со муштерии и муштерики со различни карактери.

Исто како и келнерите и шанкерите, фризерите знаат како да им се осветат на “незгодните” муштерии и на оние кои не им оставаат бакшиш. Но, исто така, знаат многу вешто да ги сокријат своите грешки.

Еве како тоа го прават:

Често се случува фризерите да ја фалат фризурата која тукушто ја направиле, делото на своите раце, бидејќи така побрзо ги испраќаат муштериите кои грешките ќе ги воочат дури кога ќе стигнат дома, а тогаш веќе е доцна.

Некои откриваат дека често на муштериите им нудат третман со балсам за коса, а на тој начин тие можат да одморат додека балсамот отстои и нешто патем да грицнат.

Доколку влезете во нов салон и го побарате најдобриот фризер, ќе бидете жртва на измама.

Постои премолчан договор помеѓу сите вработени во салонот дека првиот слободен фризер ја прима првата муштерија, без разлика на вештините со кои располага, а кога има голема гужва, често се случува фризерот да одбие да прави трајна бидејќи третманот предолго трае.

Ако ви се чини дека вашиот фризер не ве слушал додека вие нешто сте му зборувале, грешите. Тој ве “слушал”, но не можел да ве слушне бидејќи фенот со кој ви ја слушал косата е прегласен. Поради тоа тие само се смешкаат и кимнуваат со главата.

Ние сме луѓе. Не ви ја кратиме косата намерно повеќе отколку што сте сакале, не ве фарбаме лошо ниту ви оставаме чворови во косата. Имаме и ние лоши денови како и сите останати.

Бидете “кул” и ние ќе направиме се’ како што треба, бидејќи ако вие почнете да се карате, ние мора да се браниме – открива една фризерка.

Покрај тоа, ако почнете да се дерете и да плачете, вработените само ќе гледаат како да се ослободат од вас.

Некои фризерски салони користат фарби за коса кои се блиску до истекување на рокот а од нив бојата многу побрзо паѓа и белите влакна не се покриваат.

Така вие поскоро ќе се вратите во салонот и повторно ќе платите за фарбањето.