Потребни состојки:

1 пакување кори за пити

700 г рендани јаболка

3 лажици шеќер

За премачкување на корите

3 јајца

200 г шеќер

1 ванилин шеќер

200 мл масло

300 мл јогурт

230 г гриз

За премачкување одозгора:

1 жолчка

Малку млеко

Шеќер во прав за наросување одозгора

Постапка:

Јаболката изрендајте ги и додадете 3 лажици шеќер.

За преливот со кој ќе ги премачкувате корите: во еден сад ставете јајца, шеќер, ванилин шеќер и пенесто изматете. Продолжете да додавате масло, јогурт и гриз, па соединете.

Корите поделете ги на три еднакви дела. Истото направете го со јаболката. Правиме три ролата од секој дел.

На работна површина поставете една кора и премачкајте ја со приготвениот прелив. Не ја натопувајте премногу првата кора за да не се распаѓа подоцна.

Распоредете јаболка.

Ставете ја втората кора и продолжете со премачкување со преливот и наросување на јаболка, се додека да го потрошите материјалот.

Кога сте готови со редењето сите кори свиткајте ги и ставете го ролатот во тепсија обложен со хартија за печење.

Повторете ја постапката за уште два ролата.

За премачкување на ролатите користете жолчка со малку млеко.

Ставете да се пече во рерна на 180 степени околу 30-35 минути.

Кога ќе ја извадите од рерна покријте со крпа доколку сакате да биде мека одозгора,

Врз изладената пита наросете со шеќер во прав.

*Од кујната на Наташа