Тури потпечи (Ѓомлезе) под вршник – неповторливо задоволство

Фото и рецепт: Јулија Коларовска

Тури потпечи под вршник, појадок за една банда жени : – )

Во Преспанско се вика Ѓомлезе, а ние во скопскиов регион го викаме турипотпечи. Додека го приготвувавме не знаев дека правиме ѓомлезе, бидејќи локално така го викаме и така го правиме. За нас е тоа – убаво се дружиме додека се случува настанов.

РЕЦЕПТ

Прво ви е потребно едно големо и убаво женско друштво, двор, вршник, тепсија :-). Се прави смеса од брашно, вода и сол, а во друг сад промешувате масло и путер/маргарин.

Тепсијата се масти малку, се подгрева на огнот се става на земја се истура од смесата како на сликата, се покрива 2-3 мин со вршникот, се премачкува со маслото и така се додека не се потроши смесата.

Во меѓувреме, трачарите, пиете кафе  :-).

На крај ја ставате тепсијата врз малку жар покривате со вршникот и на тивко допекувате уште половина час. Наздравје!

Потребни состојки:

1 ½ кг брашно

2 литри вода

300 г младо сирење (се реди дробено помеѓу корите, по желба)

малку сол

100 мл масло

Постапка:

Се мешаат брашното со водата убаво со миксер за да се добие смеса слична на таа за палачинки. Тавата се премачкува со масло, се истура со кутлача и се пече како што е претходно објаснето.

На крај се сече на коцки или ромбови, а се служи со кисело млеко, сирење или по желба.