ЦАРСКА ПИТА проверено добар рецепт

Потребни состојки:

4 јајца

1 чаша јогурт или кисело млеко

1 чаша масло (од јогурт)

2 чаши брашно (од јогурт)

1 прашок за печиво

сол по потреба

150 г полномасно сирење

150 г кашкавал

150 г шунка

4-5 кисели краставички

2-3 црвени пиперки (кисели)

Постапка:

Изматете ги јајцата со миксер, па во нив додадете кисело млеко или јогурт, брашно, прашок за печиво, малку сол – ако сирењето не е доволно солено, па во смесата додадете ги останатите состојки ситно исечкани, а краставичките и пиперките – претходно исцедени.

Сето добро измешајте го, претурете во плех и печете на 200 степени додека да зарумени.