Трикови од стар готвач: како да го скратите времето на готвењето во кујна

Секојдневното приготвување на оброците не треба да ви одзема многу од вашето време. Со овие совети и паметно планирање можете значително да го скратите времето за приготвување на јадењата.

1.Забрзајте го варењето на тестенините: во тенџерето сипете топла вода од бојлер, и додадете малку сол. На овој начин ќе го скратите времето кое инаку се губи во чекање да зоврие водата.

2.Путер на собна температура: кога во рецептот е потребен путер на собна температура, при вадење од фрижидерот, наместо да чекате самиот да омекне, вие изрендајте го на ренде. Веднаш ќе добиете мек путер.

3.Ориз како додаток на јадењата: Еднаш сварете поголема количина ориз која ќе ја разделите на помали порции па ќе ги замрзнете. Пред консумација загрејте го оризот во тавче или во микробранова печка.

4.Доматен сос: наместо да го приготвувате секогаш одново, купете готов доматен сос во конзерва, доколку немате во вашата зимница.

5.Ново јадење од остатоци: не ги подгревајте остатоците од храна, туку трансформирајте ги во ново јадење. Остатоците од сос, месо и зеленчук, на пример, можете да ги ставите во керамички сад, преку нив да ставите лиснато тесто, и да испечете солена пита.

6.Немате време за приготвување на сос? : во миксер направете зелено песто од магдонос, лимонов сок, сол и маслиново масло, и само за една-две минути, добивате сос кој можете да го прелиете преку зеленчукот, месото или рибата.

7.Брз оброк од пилешко: пилешките гради исечкајте ги на ленти, испржете ги во вок тава 2-3 минути и зачинете со сол и кари. На тој начин ја кратите термичката обработка без да го изгубите вкусот.