Триење меѓу нозете, досаден летен проблем – еве како да се елиминира

За време на врелите денови ние повеќе се потиме, а при одењето трпат бутовите бидејќи нозете се тријат една од друга, па се појавува црвенило, јадеж, осип а понекогаш и ранички.

Од триење меѓу нозе најмногу страдаат покрупните луѓе, но им се случува и на оние послабите, понекогаш поради анатомските карактеристики, а понекогаш и од некои други причини.

Триењето и темните дамки на интимните места ќе исчезнат и нема да се појават повторно, ако се придржувате на овие три едноставни, но многу корисни совети.

КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ТРИЕЊЕТО МЕЃУ НОЗЕ

1.Дезодорансот во стик можете да го користите не само под пазувите. Нанесете помала количина дезодоранс на проблематичниот дел помеѓу нозете: покрај освежувачкото дејство, дезодорансот ќе ја сочува вашата кожа од триење.

Се подразбира дека се нанесува на чиста, сува кожа.

2.Детската пудра може да се претвори во вистински спас за возрасните. Се нанесува, исто така, на чиста и сува кожа.

3.Кокосовото масло одлично се впива во кожата и не остава никакви траги. Можете да го користите и за последиците од триењето: ефикасно ја намалува иритацијата, црвенилото, ги исцелува раничките и обезбедува комплетна нега на кожата.