Брзо и ефикасно слабеење… никогаш полесно! Звучи речиси како мит или бајка. Меѓутоа, во текот на 10 години, јапонскиот лекар Фукутцуџи им помага на жените да ослабат во најкраток можен рок. А тоа е: без диета, напорни вежби и трошење пари. Бесплатно и брзо слабеење не постои, ќе си помислите. Но уверете се сами!

Методот е опишан во неговата книга која се продала во Азија во 6 милиони примероци- очигледно е хит!

Докторот вели дека не ви се потребни никакви посебни алатки за брзо слабеење. Ви треба голем пешкир, цврст конец за да го прицврстите пешкирот во ролна, рамен под и и време од трипати дневно по 5 минути.

Методот е многу лесен за изведба и многу ефикасен. Не треба ништо да правите- само трипати дневно по 5 минути да лежите хоризонтално.

Доктор Фукутцуџи е инаку специјалист за проблеми со карлицата, а открил дека главниот причинител за масни наслаги на подрачјето околу стомакот, на струкот, е всушност разместеноста на карличните коски и подребрените коски.

По откритието за поврзаноста на овие два проблеми, осмислил метод со кој на брз и едноставен начин можете да се ослободите од вишокот сало околу вашиот струк.

Постапката е следна:

1.Пешкирот свијте го во ролна и фиксирајте го со некој конец.

2.Седнете на чиста површина, најдобро на рамен под.

3.Свитканиот пешкир ставете го под грб, во висина со папокот а потоа легнете (пешкирот треба да е малку поширок од ширината на грбот).

4.Нозете раширете ги во ширина на рамениците и свиткајте ги стапалата така да им се допираат само палците.

5.Рацете испружете ги над главата, а дланките свртете ги кон долу и спојте ги малиот прст од десната рака со малиот прст од левата.

И тоа е тоа. Иако ви се чини многу едноставно, таа положба не е нималку лесна ниту удобна.

Ако ви е тешко до крај да ги испружите рацете, првите неколку пати испружете ги онолку колку што можете, но секако спојте ги малите прстиња на рацете, како и палците од нозете.

Во таа положба лежете 5 минути, трипати на ден.

Можеби во почетокот чувството ќе би биде непријатно, дури и болно, но ако ви стане неиздржливо, скратете го третманот на онолку колку што можете да издржите.

Важно е да се напомене дека „вежбата“ морате да ја правите секојдневно ако сакате да постигнете резултати.

Откога ќе завршите со третманот, немојте нагло да станувате. Додека сте сеуште во лежечка позиција, свртете се на страна, на колк, па исправете се во седечка положба, па дури тогаш станете.

Внимание: доколку имате проблем со карлицата или некоја друга болест со коските, пред третманот посоветувајте се со вашиот лекар.

-Ако ја поместите ролната под вашите гради- ќе имате ефект – подигање на градите.

-Ако ја ставите на делот под ребрата- ќе имате ефект- изразен и потенок струк.

Покрај слабеењето се забележуваат и други промени:

-исчезнуваат болките во грбот а вие одите поисправено!