Торта СТАБИЛИЗАЦИЈА, евтина, брза и баш вкусна

Фото и рецепт: Елена Мишковска

Потребни состојки:

1 јајце 

5 лажици шеќер, 

5 лажици масло, 

1 прашок за печиво, 

1 ванилин шеќер, 

1 шолја пресно млеко, 

1,5 шолја брашно, 

5 лажици мармалад

За прелив:

6 лажици млеко, 

6 лажици шеќер, 

2 лажици какао и 

1 полна лажица путер

Постапка:

1 јајце се мати со виљушка, се додаваат 5 лажици шеќер, 5 лажици масло, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, 1 шолја пресно млеко, 1,5 шолја брашно, 5 лажици мармалад (јас ставив од капини).

Сите состојки се мешаат, а смесата се истура во средно тавче намастено и набрашнето, па се пече на 200 степени околу 40 минути.

Испечениот колач се сече на коцки и се полива со преливот:

6 лажици млеко, 6 лажици шеќер, 2 лажици какао и 1 полна лажица путер, се ставаат на оган да зоврие, па се прелива преку тортата.

Ако не сакате да биде ептен Стабилизација, може да додадете и 5 лажици сечкани ореви во тестото.

Фото и рецепт: Елена Мишковска

loading...