Нешто превкусно – магичен вкус!

Потребни состојки за еден бисквит (кора), а вам ви се потребни два исти: 6, јајца, 110 г шеќер, 5 лажици какао во прав, 100 г брашно, 1 прашок за печиво, 150 мл млеко и 150 мл масло. Пудинг крем од чоколадо: 850 мл млеко, 2 пудинзи со вкус на чоколадо, 90 г шеќер и 100 г млечно чоколадо

Пудинг крем од ванила: 850 мл млеко, 2 пудинзи со вкус на ванила, 90 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 125 г путер. Постапка: На белките додадете им прстофат сол па измиксајте ги во цврст снег. Жолчките пенесто изматете ги со шеќер.

Додадете какао, кратко измиксајте па додадете млеко и масло. Потоа додадете брашно и прашок за печиво, па сето лесно измиксајте го. На крај со лажица внимателно додадете го снегот од белки.

Бисквитната смеса излејте ја во намастен и побрашнет калап за печење (25х35 см) и печете 15-20 минути на температура од 180 степени. Со чепкалка проверете дали тестото е печено.

Наместо да правите две исти кори, можете и една да ја преполовите, доколку не ви е премногу тенка (по ваша желба). Чоколадниот крем пригответе го на истиот начин како и кремот од ванила, само наместо путер, во варениот пудинг додадете коцки искршено чоколадо.

Топлиот крем излејте го преку бисквитот. За приготвување на кремот од ванила пудингот сварете го според упатството на пакувањето, заедно со шеќерот. Тргнете од оган па додадете коцки исечкан путер и мешајте додека да се растопи.

Кремот од ванила прелијте го преку чоколадниот крем, а потоа додадете ја и втората кора. Направете фил од чоколадо и прелијте преку тортата. Колачот пред послужување изладете го прво на собна температура, а потоа и во фрижидер.

Masterchef-recepti.com