Оваа торта доби само пофалби на мојот роденден па затоа топло ви ја препорачувам!

Потребни состојки за кора:

10 белки

Пстофат сол

10 лажици шеќер

3 рамни лажици брашно

3 лажичка прашок за печиво

150 г кокос

За прелив на кората: 100 мл млеко

За крем:

10 жолчки

100 г шеќер

1 ванилин шеќер

150 г црно чоколадо

150 г млечно чоколадо

50 мл млеко

125 г путер/маргарин

100 мл слатка павлака

За ганаче глазура од бело чоколадо:

100 г бело чоколадо

50 мл слатка павлака

Постапка:

1.КОРА: Одвојте ги белките од жолчките. Додадете прстофат сол и матете со миксер постепено додавајќи шеќер додека да добиете сјаен цврст снег. Во друг сад претходно соединете брашно, прашок за печиво и кокос, па многу лесно и внимателно со шпатула замешајте со снегот од белки. Распоредете ја смесата во голем плех од рерна обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути, додека кората убаво да пожолти. Печената кора пресечете ја по должина на три ленти и попрскајте со млеко насекаде рамномерно.

2.КРЕМ: Жолчките изматете ги со миксер со шеќер и ванилин шеќер, па во одговарачки лонец ставете да се готвата на пареа со постојано мешање. Гответе додека почне да се згуснува (15-20 минути), а потоа додадете ги двете чоколади искршени на коцки и млекото, па гответе уште неколку минути додека се’ да се растопи и убаво соедини. Кремот изладете го до собна температура а потоа додадете го омекнатиот путер и пенасто изматете со миксер. На крај само додадете изматена слатка павлака па сето убаво соединете го со лажица.

3.ГАНАЧЕ ГЛАЗУРА: растопете го белото чоколадо со слатката павлака на слаба температура и почекајте малку да излади.

4.ФИЛУВАЊЕ: Првата кора премачкајте ја со третина од кремот, ставете ја втората кора, па повторно крем, третата кора и тортата завршете ја со крем. Одозгора премачкајте со глазура од бело чоколадо и украсете по желба со матена слатка павлака или шлаг.