Раванија: старински сочен колач со гриз и ореви кој го правеше баба ми

Потребни состојки за 1.тесто:

5 јајца

5 лажици шеќер

2,5 лажици гриз

2,5 лажици брашно

70 г чоколадо рендано

200 г мелени ореви

Потребни состојки за 2.тесто:

5 јајца

5 лажици шеќер

2,5 лажици гриз

2,5 лажици брашно

за шербет:

750 г шеќер

800 мл вода

1 лимон

Постапка:

За првото тесто, добро изматете ги јајцата и шеќерот. Додавајте ги по ред и останатите состојки, па сето добро промешајте го да се соедини.

Во намастен и набрашнет плех 22х37 излејте го тестото и печете на 200 степени 10-тина минути, колку само да се запече.

За тоа време изматете ги јајцата со шеќер за второто тесто, додадете брашно и гриз па соединете. Излејте врз полупеченото тесто и допечете го колачот.

Сварете сируп од шеќер, вода и лимон исечен на тркалца (не долго, неколку минути). Со врел сируп прелијте го врелиот колач.

Наросете одозгора со мелени ореви.

loading...