Audree Kopp, жена од Кентаки, доживеа една чудна случка. Мораше да се оперира поради сериозна инфекција.Инфекцијата ја добила поради ластик за коса (стегач), кој го носела на нејзината рака.

За нејзина несреќа, таа имала мала исекотина на зглобот од раката и бактеријата која се наоѓала на ластикот,навлегла во нејзиното тело!​

После некое време, се појавило црвенило кое почнало да расте и да се шири. Иако таа пиела препишан антибиотик, ситуацијата се влошила.

Стегачот за коса во себе криел бактерија, која пак ја инфицирала нејзината рака преку порите и фоликулите од влакненцата​на раката.

За жал, новонастанатата ситуација, морала да биде решена со оперативен зафат. Но, доколку не се интервенирало на време, бактеријата би можела да навлезе во нејзиниот крвоток и да доведе до кома.

ПРЕВЕНЦИЈА:

Ризикот за инфекција е секогаш голем ако се има отворена рана. Не би требало да се носи ластик за коса на раката ако се грижиш и им помагаш на болни лица, или пак ако вршиш некоја работа која може да ги извалка рацете и додатоците кои се носат на рака.

Од особена важност е да се одржува хигиена на рацете, бидејќи тие постојано доаѓаат во допир со разни извори на бактерии, како пари, животни, санитарни јазли и.т.н.

КОГА ДА СЕ МИЈАТ РАЦЕТЕ

Рацете треба да се мијат често. Ова ќе ги спречи вирусите и бактертиите да се шират. Рацете мора да се измијат пред да ставате леќи на очите, пред подготвување на храна или јадење, после контакт со болни луѓе и животни, после одење во тоалет, после кашлање и слично.

ОВА Е ПРАВИЛЕН НАЧИН НА МИЕЊЕ НА РАЦЕТЕ:

За правилно да ги измиете рацете, следете ги ове правила:

1.Употребувајте топла вода за да ги навлажните дланките и нанесете сапун.

2.Тријте ги рацете, дланка со дланка, во кружно движење.

3.Со десната дланка, тријте го надворешниот дел на левата дланка и меѓу прстите, и обратно.

4.Исплакнете ги рацете со вода.

5.Со пешкир, убаво исушете ги рацете.