TИМУС: Жлезда на среќата и имунитетот може да функционира и во староста, но мора редовно да го правите ова

Градната жлезда или тимус е непарна ендокрина жлезда, но таа обично функционира само до половата зрелост. Тоа значи дека градната жлезда е развиена само во детската возраст, за во пубертетот брзо да се намали и да започне да атрофира.

Оваа жлезда е сместена во предниот, горен дел од градниот кош, помеѓу белодробните крила, односно во медијастинумот. Тимусот е централен орган на лимфатичниот систем. Кај новороденчиња е добро развиен, а после пубертетот доаѓа до негова инволуција и претворање во масно ткиво. Хормонот од градната жлезда го стимулира растењето на младиот организам и има особено значење во имуно-биолошките процеси. Создава Хасалови телца кои влегуваат во општиот фонд на одбранбени супстанции.

За имунитетот се заслужни Т-клетките кои ги произведува тимус жлездата, која со текот на годините се намалува, но, сепак се забележани случаи кога ткивото на тимусот е очувано и во подоцнежни години.

Еве како да го сочувате тимусот:

Имуниот систем на човекот со текот на годините ја губи својата сила, па така стануваме помалку отпорни на болести, во просек 2-3% годишно.

Силата на имунитетот може да се измери, со маркери за Т-клетките кои инаку ги произведува тимус, жлезда сместена во градниот кош и чија работа постепено се намалува и се губи. Меѓутоа, се дошло до откритие дека најобично возење на велосипед може да го сопре овој процес.

Еден од испитаниците (80-годишен) вели дека неговите лабораториски наоди се исти како на 20 годишен младич, а исти такви резултати имале и 125 велосипедисти на долги стази.

Овие “маратонци” имаат од 60 до 80 години (а некои од нив дури и повеќе) и често возат заедно и по стотици километри седмично. Кај нив нема пад на имунитетот, но ниту натрупување на масно ткиво. Лекарите тврдат дека за вакви резултати не се потребни толку долги стази, но важно е возењето на велосипед да биде редовно.