Потребни состојки: 1 јајце, ½ чаша кисела павлака (100 г), 1 чаша топла вода (200 мл), 1 прашок за печиво, малку сол и брашно по потреба (тестото треба да биде меко како за пица)

Постапка: Сите состојки се мешаат во еден сад и се додава постепено брашно и се замесува меко тесто како за кори од пита или за пица.

Тестото се развлекува со оклагија во кора со дебелина од прст, па се сече на правоаголници, а потоа се пржат во врело масло.

За време на пржењето тие пораснуваат а во нивната внатрешност останува празен простор во кој можете да ставите павлака, мајонез, ајвар или едноставно да направите сендвич со кашкавал, салама или што и да имате дома.

Овие мекици воопшто не се масни и не впиваат во себе маснотија.