Покрај познатата традиционална примена во исхраната, свинската маст се користи и за лекување на поедини болести. Она што е потребно: чистење на свинската маст во 9 води. Што значи тоа?

Тоа значи дека свинската маст се испира во вода девет пати, т.е. процес кој треба да се повтори толку пати за да се добие идеална маст.

Лекување на гинеколошки проблеми

Свинската маст често се користи кога жените имаат воспалени јајници и непријатен секрет. За овој третман потребно ви е:

-тампон од стерилна газа, кој се потопува во свинска маст (помината низ 9 води).

Се остава да делува во вагината преку цела ноќ, а третманот трае една седмица.

Лек против кашлица и бронхитис

Кај децата често се користи во облик на лек за кашлица и бронхитис. Многу лесно се приготвува: се прави облога за грло и така е најделотворна. Треба да се внимава и не смее да се користи доколку детето има висока температура.

Помага во лекување и на настинки и кивавица.

Лек за хемороиди

Едно од најнепријатните работи се хемороидите, бидејќи многу тешко луѓето се ослободуваат од нив. Еден од начините е со помош на свинска маст. Се нанесува на болното место и тогаш може да придонесе за намалување, па дури и целосно спречување на јадежот, чувството на силно печење, црвенило и воспаление.

За кожа (акни)

Ако подолго време имате проблем со акни кои никако не ви поминуваат, обидете се со премачкување на лицето или телото каде тие се јавуваат, со свинска маст. Во народната медицина, исто така, свинската маст се употребува и за негување на испукани пети, лактови и за суви раце.

За идеална коса

Ако имате сува коса, свинската маст ќе ви помогне. Оние кои користеле свинска маст за коса, велат дека нивната коса станала многу поубава и побујна. Третманот е многу едноставен: маста треба да се нанесе на косата пред миење, односно, на валкана коса. После миењето, треба да се исплакне со чај од камилица. Резултатите се извонредни.

Свинска маст во креми за лице

Постојат и креми кои се приготвуваат во домашни услови. Бидејќи свинската маст нема баш многу убав мирис, во неа се додаваат сода бикарбона, камилица и невен, за да се подобри тој мирис.

Против акни и стрии

Како природен лек, свинската маст е идеална за стрии и акни. Жените кои тукушто се породиле, често имаат проблем со стриите. За нив свинската маст е она што им е потребно.

Непријатниот мирис на свинската маст може да се неутрализира со мешање на некој друг крем, а потоа добро да се втрие на местото каде се појавиле стриите. Овој крем треба да се употребува подолго време.

Лекување на синуси

Болките кои се јавуваат поради синуси кај некои луѓе буквално се неподносливи. Треба да се пробаат повеќе методи, а еден од нив е лекувањето со помош на свинска маст. Со помош на стапче за уши намачкајте маст на почетниот дел од носниците, а потоа затворете ги.

Додека лежите на грб, маста ќе делува и ќе ги ублажи болките кои се јавуваат поради воспалените синуси. Оваа постапка можете да ја повторувате неколку пати дневно.