Свесни сте за вашата зависност од благо, но ако одеднаш се откажете го ризикувате ова

Ако вашиот прв чекор кон здравата исхрана е одвикнување од шеќер и благо, овие трикчиња ќе ви помогнат полесно да го направите тоа.

Често се говори дека шеќерот предизвикува зависност бидејќи го подига нивото на серотонин во мозокот, а со тоа го подига и расположението и ја ублажува депресијата. Но, доколку се одлучите одеднаш да апстинирате од благо, тоа предизвикува низа проблеми, кои вклучуваат депресија, раздразнетост, главоболка, немир и нервоза.

За да ви помогнеме да го намалите внесот на шеќер во организмот и успешно да се одвикнете од слатките кои толку многу ги сакате, прочитајте ги овие неколку совети со чија помош многу полесно ќе се ослободите од оваа навика.

ПРЕПОЛОВЕТЕ ЈА КОЛИЧИНАТА НА ШЕЌЕР ВИ УТРИНСКОТО КАФЕ И ПИЈАЛАЦИТЕ

Ако инаку ставате две лажички шеќер во кафето, веднаш уште денес започнете да ставате само по едно лажиче шеќер. За кратко време ќе се навикнете и доколку и натаму сте храбри, наскоро ќе пиете горчливо кафе!

ЗАМЕНЕТЕ ГИ ГАЗИРАНИТЕ СОКОВИ СО СВЕЖО ЦЕДЕНИ

Ако сте фан на газираните слатки пијалаци, наместо лименка од омилениот напиток помешајте сок од свежо цеден портокал со минерална вода. Доколку не ви се цеди овошје, купете овошен сок во продавница, но внимавајте на декларацијата да пишува дека содржи што помалку шеќер. Речиси 25% од вкупниот внес на калории ги внесуваме по пат на засладени сокови.

МЕРЕТЕ ГИ ПОРЦИИТЕ

Доколку сте љубител на слатки како што се сладоледите, бонбоните или гумените бонбони, секогаш покрај себе имајте сад кој ќе ви биде мерка за количина, која претходно сте ја одредиле како доволна. Шеќерот од повеќе причини се смета за дрога, но доколку го исклучите од исхраната и не го консумирате прекумерно ќе доживеете големи промени. Ќе станете посмирени, помалку раздразливи, без драстични промени на расположението и вишок на енергија.