Супа која ја регулира киселоста на телото и спречува 17 болести – РЕЦЕПТ

Нашиот организам има способност преку пуферите да ја регулира неговата рН вредност, и доколку се поминат границите на нормалните вредности, настапува смрт. Но, понекогаш рН вредноста на кожата, слузокожата или некои делови од телото можат да станат повеќе алкални или кисели, но за нормална функција потребно е вредноста да биде неутрална.

Поради современиот начин на живот обично рамнотежата на организмот е пореметена, па затоа се чувствуваме уморно, безволно, подуено, генерално лошо.

За намалување на кислоста во телото ќе помогне оваа алкализирачка хранлива, здрава и вкусна супа која можете да ја јадете како ручек или вечера. Супата не мора да биде обична – направете ја интересна со наросување одозгора на некоја зачинска билка, ленено семе, оревово, маслиново или масло од тиква.

За да биде кремаста и полесна за варење, супата завршете ја во блендер. Бирајте сезонски зеленчук и во супата долевајте вода во која сте го вареле зеленчукот. Оваа супа може да стои 2-3 дена и нејзиното конзумирање е голем чекор кон избалансиран начин на живот.

РЕЦЕПТ:

Потребни состојки:

950 мл вода или бујон од органски зеленчук

1 компир со средна величина

1 морков

1 корен од морков

1 бела репка

50 г млад лук

160 мл кисела павлака

Малку сол

ПОСТАПКА:

Во поголем сад зовријте ја водата или бујонот. Додадете го зеленчукот кој претходно сте го измиле, исчистиле и исечкале, па гответе го на тивко околу 15 минути или додека да омекне.

Ако сакате веднаш да добиете густа супа, исклучете ја ринглата и внимателно ставете ја во блендер или употребете рачен миксер. Додадете ја павлаката и посолете по вкус.

Оваа количина на супа е доволна за неколку дена.
Со регулирање на киселоста на телото можете да спречите дури 17 болести.