Сучена баклава – кој пробал – не може да остане рамнодушен

Фото и рецепт: Родна Трпеска

Потребни состојки:

1 кг брашно

5 јајца (2 цели + 3 жолчки)

150 мл млеко

150 мл масло

Се домесува со кисела вода. Се меси убаво мазно тесто кое се дели на 7 делови, а од секој дел се вадат по 5 топчиња.

Секое мало топче се сучи колку малку чинивче. За сучење на користе јас користам нишесте.

Се мачкаат со путер и се редат едно врз друго, па се сучи голема кора. Значи, се добиваат 7 големи кори.

ФИЛ:

700 г мелени ореви

3 лажици шеќер

И неколку лажици путер, се меша и филот се дели на 7 дела.

На секоја кора се реди фил, па се витка кората и се полни плехот.

Се сече по желба и се става да се пече околу 1 час и 15 минути.

Пред печење се потура со остатокот од путерот што останал, а треба да се искористат 2 пакувања од 250 г, или еден путер и еден маргарин. Значи дел се користи за премачкување на корите, а остатокот се топи и се потура одозгора пред печење.

ШЕРБЕТ:

1 кг и 800 г шеќер

900 мл вода

1 лимон

Шербетот се вари неколку минути и се додава сечканиот лимон, па се прелива баклавата.