За убаво да ви мириса дома, најдобра свежина се постигнува кога ќе ги отворите прозорците ширум отворени. Но, во последно време кога ќе отвориме прозор, однадвор наместо свеж воздух добиваме чад и мирис на изгорена пластика.

За елиминирање на лошите миризби од домот послужете се со овој генијален трик, за што ви се потребни само рерна и 2-3 лимони.

Пред да одите на спиење, пресечете ги лимоните на половина и ставете ги во рерна, а вратата оставете ја подотворена.

Наутро кога ќе се разбудите, затворете ја вратата од рерна и вклучете ја на неколку минути.

Потоа исклучете ја рерната и оставете ја рерната повторно отворена.

Вашиот дом ќе мириса преубаво!