Потребни состојки:

8 јајца
8 лажици шеќер
6 лажици гриз
4 лажици брашно

За прелевање:

1 литар млеко
6 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер

За подмачкување: малку путер или маргарин

Постапка:

Одвојте 8 жолчки од 8 белки. Матете ги белките со миксер една минута, а потоа постепено додавајте 8 лажици шеќер и матете уште 5 минути. Додавајте постепено жолчки и матете додека сето убаво не се соедини околу 2 минути. Исклучете го миксерот и додадете 6 лажици гриз, 4 лажици брашно и промешајте со лажица.

Плехот премачкајте го со путер или маргарин. Излејте го изматениот фил и печете 15 минути во рерна која претходно е загреана на 200 степени. Извадете го кохот од рерна и оставете да излади.

Во шерпа ставете еден литар млеко, додадете 6 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер и промешајте. Ставете на рингла да проврие за да може шеќерот целосно да се растопи. Кога млекото ќе проврие тргнете од оган и оставете да излади околу 10 минути.

Кога кохот е изладен, прелијте го со млекото и оставете еден час да отстои.

Видео: