Денес е речиси заборавена, а може да се купи во слаткарници каде слаткарите го пренесуваат нивниот рецепт од колено на колено низ генерациите.

Поради изобилието со витамини од Б групата, протеини и органски киселини, особено се препорачува за трудниците, децата, спортистите и постарите лица. 

Бозата е многу здрав напиток и добро е да се пие. Нејзиниот густ киселкаст вкус е специфичен и на многумина им треба време да се навикнат на истиот.

Подготвувањето на боза не е комплициран процес, но се одвива во неколку фази во временски период од десеттина часа.

Половина килограм брашно од пченка се става во 5 литри млака вода и се остава да отстои десеттина часа или уште подобро, цела ноќ. Потоа лонецот со брашно и вода се става на тивок оган и со повремено мешање се остава да крчка 3 часа. 

Потоа се трга од оган и се остава течноста да излади.

Во меѓувреме се растопува 20 грама квасец во малку млака вода па се додава во изладената смеса од пченкарно брашно и вода. 

Треба добро да се промеша и се остава да отстои следните 10 часа.

Откако ќе отстои оваа густа течност се прецедува преку газа и се засладува со половина килограм шеќер или повеќе, по желба.

Потоа се точи во чисти стаклени шишиња кои не треба да се затвораат, за гасовите да не го извадат капачето.

Се чува во фрижидер, а пред сервирање на бозата, можете да додадете цимет или некој друг егзотичен зачин.