Стар рецепт: СТРУМИЧКО ПЕЛТЕ кое некои го правеа со остатоци од овошје

Фото и рецепт: Гордана Тунева

Потребни состојки:

2 кг дуњи нелупени

1 кг кисели јаболка нелупени

Постапка:

Овошјето се става да се вари еден час на тивко.

Потоа се процедува низ цедалка и се собира течноста.

На еден литар течност се става околу 700-800 г шеќер.

Повторно се враќа на оган да врие се додека капката од течноста не се разлева на чинивчето.

Пред да се стави во калап, се става лимонтус да поврие, пред крај, а потоа во фрижидер да се стегне.