Специјалитет со мелено месо и пире од компир – превкусно е!

loading...

Потребни состојки:

500 г мелено месо

1 јајце

средина од парче леб или презла

малку млеко

1 мала главица кромид

зачини, сол, црн пипер, вегета..

за пире:

4 компири

1 лажица млеко

малку путер

по вкус сол

1 јајце

и уште:

малку путер или маргарин за премачкување на плехот

доматно пире за прелевање на ќофтињата

Постапка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Соединете го меленото месо со презлата (потопена во млеко) или лебот, ситно сечканиот кромид, јајце и зачини по вкус.

Добро измешајте па обликувајте ќофтиња со вдлабнување и редете ги во огноотпорен сад или плех, претходно намастен со путер или маргарин. Печете ги околу 25 минути.

Печените ќофтиња малку изладете ги.

Компирот излупете го и исечете го, прелијте со вода и сварете го.

Варениот компир испасирајте го, додадете млеко, путер, јајце и сол по вкус.

Добиеното пире ставете го во шприц или едноставно со лажица врз ќофтињата ставајте по малку пире.

Доматното пире (количината зависи од величината на плехот кој ќе го користите) разредете го со малку вода, прелијте ги ќофтињата, па вратете на допекување во рерна уште 25 минути.