loading...

Спас за дијабетичари, го регулира шеќерот, притисокот и холестеролот: што поскоро започнете да ја користете оваа билка

За дијабетичарите, употребата на чичковиот корен е повеќе од препорачлива. Тоа е затоа што тој содржи многу влакна кои го регулираат нивото на инсулин и шеќер во телото. Коренот е богат со инулин, кој е добро познат по својата способност да влијае поволно на симптомите предизвикани од дијабетесот.

Коренот од оваа билка има позитивно влијание и врз имунолошкиот систем. Бидејќи изобилува со витамин Ц и Е, на телото му дава одлична доза антиоксиданти, со што се намалува ризикот од рак и спречува појава на други хронични и потенцијално животно загрозувачки состојби.

ОПИС НА БИЛКАТА:

Чичок (Arctium lappa) е двегодишна билка која има долг и сивокафеавкаст, вретенест корен. Во првата година се појавуваат големи приземни листови со дршки и неправилен срцевиден облик.

Во втората година расте исправено и се разгранува, па достига висина од 1 до 1,5 метар. Листовите се помали како се оди кон врвот на стеблото. Цветаат со главици со виолетово цевчести, густо збиени цветчиња, со боцки со кои лесно се закачуваат на облеката.

Растат покрај патишта, на ливади и необработено земјиште.

Лековит дел од билката: За лек се употребува корен, листови и семе. Двогодишниот корен се собира во пролет и есен, листовите додека сеуште се млади, а семето кога ќе биде созреано.

ЛЕКОВИТО ДЕЛУВАЊЕ:

Коренот од чичок делува противотровно, ја чисти крвта и поттикнува потење и излачување на урината. Се користи за лекување на венерични болести, сите видови чиреви, скрофула, гихт, застарени ревматски болести, водени болести и труење со жива.

loading...

Коренот во продавниците може да се најде свеж (ретко) или сушен. Се препорачува секогаш пред консумирање да се свари, па дури потоа да се промеша со друг свеж зеленчук, како што се компир, морков или кромид. Важно е да се одбегнува корен од чичок кој ја изгубил својата природна боја или оној што е претерано сув, со оглед на тоа што пресушениот корен ги нема истите хранливи состојки.

Содржи полисахариди, особено инулин, па може да им помогне на оние што патат од опстипација. Со редовно консумирање на корен од чичок се нормализираат нивоата на шеќерот во крвта и холестеролот.

Важно е да се напомене дека подземниот дел на чичокот е богат со витамини и минерали, особено со фолна киселина, нијацин, рибофлавин и витамините Ц и Е. Покрај тоа, чичковиот корен е добар извор на калиум – во 100 грама има околу 308 милиграми од овој минерал. Исто така е богат и со други минерали, како магнезиум, железо, цинк, калциум и селен.

Чај од млади листови од чичок се користи при лекување катар на желудник и подуеност, а претставува и добро средство против разни осипи, чиреви, гнојни рани и ранички во устата.

Семето од чичок се користи за правење на чичково масло кое е многу ефикасно во борбата против првутот и ќелавеењето.

Исто така, коренот и листот се користат и при воспаленија и чир на желудникот, за поттикнување на потењето, за варење, ублажување на реума, кожен екцем, лишај, осип, гнојни рани и скорбут.

Сувиот корен истолчен во прав и помешан со маслиново масло, лекува гнојни рани. Против реума се користи чај од чичково семе.

 Коренот, листовите и семето по измината една година ги губат сите свои лековити својства.

Лекот против горенаведените болести се подготвува на следниот начин: една полна лажица ситно исечкан корен и лист се вари во половина литар вода 5 минути. Се остава поклопено да отстои 10-15 минути и на крајот се процедува. Се пијат по 2 супени кажици, наутро и навечер.

Ако 60 грама корен се вари 5 минути во 1 литар вода, може да се пие по еден филџан наутро и навечер.

Прав од сув корен помешан со зајачки лој, се става на рани а мевлемот ги извлекува туѓите тела од раната.

Во случај на Nervus facialis, (пореметување на нерв од лицето) при што доаѓа до искривување на лицето, се дроби свеж корен и лист од чичок и става како облога на здравата страна од лицето.

Варен лист од чичок во вино, лекува од мокрачни каменчиња. Тие исчезнуваат кога ќе се земе корен во прав помешан со мед.

Кога кожата на главата ќе се измие со чај од чичков корен, а секој втор ден со чичково масло, се стимулира растењето на косата, ако коренот е здрав. За чај: на еден литар вода се става 1 супена лажица исечкан корен, па се вари. Се мешаат еднакви делови од тој чај и јаболков оцет, па со тоа се трие кожата на главата, двапати дневно, за да се спречи опаѓањето на косата.

РЕЦЕПТ ЗА ЧИЧКОВО МАСЛО

Еден грст суво и истолчено семе од чичок се полева со 90% алкохол, па се остава да стои затворено 14 дена. Потоа се долева половина или ¾ маслиново масло, и се остава во тегла со широко грло која се затвора со газа или издупчена хартија за да може алкохолот да испари. Се остава 4 седмици на топло место со повремено мешање.

МАСТ ОД ЧИЧКОВ КОРЕН

Добро се чисти и мие коренот. Се сечка на помали парчиња и од нив се истиснува што повеќе сок. Сокот се меша со чиста, несолена свинска маст за да се добие густа кашеста смеса. Така приготвената лековита маст се става во порцелански (никако метален) сад, добро се затвора и се чува во фрижидер.

Неколку пати дневно се нанесува на изгорена кожа, на чиреви, рани и лишај.

ЗА КОСА

Задолжително  влегува во лосионите за коса, а од него се прави и познатото чичково масло. Кај опаѓањето на косата тоа делува добро, но само ако коренот не е изумрен како последица на тешки оштетувања (лишаи, екцеми). Кај здрав, но ослабнат корен на косата сигурно дава резултати. Семето од чичокот се користи за исфрлање на камен и песок од бубрезите, бидејќи ја побрзува диурезата.  Коренот делува противотровно, го прави поуспешно излачувањето на потта и урината  и ја чисти крвта.

ЧАЈ

Чајот од свеж корен е погоден за пречки во црниот дроб и желудникот, а се подготвува на студен начин – чајна лажица свеж и иситнет корен стои 7 – 8 часа во чаша студена вода, а потоа само се зоврива. Дневно се пијат по 2-3 чаши.

СОК ОД ЧИЧОК

Се ренда или ситни коренот и одозгора се става половина од количеството на коренот вода (ако е коренот 100 грама, се ставаат 50 мл вода). Стои кратко и се пасира. Од добиениот сок се пијат  мали голтки 2 филџана дневно.

loading...