Совети за дијабетичари: шеќерот во крвта се намалува со ѓумбир ако го земате вака

Билкарите препорачуваат за намалување на шеќер во крвта секојдневно да се консумира одредена количина на ѓумбир. Резултатите ги воодушевија дури и докторите!

Дијабетес тип 2 е заболување кое настанува кога панкреасот не произведува доволно инсулин. Главни симптоми кои укажуваат на дијабетес тип 2 се:

-често мокрење

-постојана жед

-замор

-губиток на телесна тежина

Сепак, најновите истражувања покажуваат дека ѓумбирот може да го регулира вишокот на шеќер во крвта.

Истражувањето било направено врз 88 пациенти кои боледуваат од дијабетес кои консумирале по 3 грама ѓумбир секој ден во текот на 8 седмици.

Резултатите покажале дека кај пациентите се намалил шеќерот во крвта за повеќе од 10%.

Ѓумбирот зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Илјадници години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство.

Свежиот ѓумбир помага при намалување на високиот холестерол и во борбата против одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир.
Истовремено, ја намалува подуеноста на стомакот и ја олеснува тензијата предизвикана од непријатни стомачни гасови. Позитивно влијае на обновување на цревната флора, има лаксативен ефект и ја регулира столицата.

Силната главоболка и мигрената може да се ублажат со консумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир.

Начин на употреба: Свежиот ѓумбир е добар за консумација откако добро ќе се измие и излупи. Едноставно исечете неколку тенки ленти свеж ѓумбир и џвакајте ситни парченца. Или пак изрендајте го и додајте лажица мед за ублажување на пикантниот вкус.

Ѓумбирот во прав помага за ублажување на стомачни мачнини, благодарение на етеричните масла кои се наоѓаат во неговиот состав. Маслата ги смируваат силните стомачни болки со брзо неутрализирање на желудочните киселини, истовремено ослободувајќи корисни ензими за нормална работа на дигестивниот систем.

Делува одлично против воспалителни болести, односно ги ублажува болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка.

Многубројните испитувања укажуваат дека употребата на ѓумбир во прав го забавува растот на канцерогените тумори и се покажал како одличен додаток за ублажување на последиците од хемотерапијата како гадење и повраќање.

Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта. Позитивно влијае и за опуштање на уморните мускули, после исцрпна физичка активност.

Консумирајте ѓумбир умерено, не повеќе од 4 грама дневно.

Начин на употреба: Помешајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав со млака вода и испијте ја мешавината наутро, 30 минути пред појадокот.

Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.

Свежо приготвениот чај од ѓумбир го намалува стресот, ја поттикнува будноста и ја зголемува енергијата.

При силни менструални болки се препорачува на стомакот да се постави крпа натопена во топол чај од ѓумбир.

Чајот можете да го засладите со мед или да му го подобрите вкусот со свежо исцеден сок од лимон или портокал. Не се препорачува пиење на повеќе од два чаја од ѓумбир дневно.

Подготовка на чај од свеж ѓумбир:

1.Исечете 3-4 тенки ленти свеж ѓумбир и ставете ги во 400 милилитри зовриена вода. Покријте го садот и оставете го да стои 10-ина минути додека да добие боја.

2.Четвртина шолја изрендан ѓумбир додајте го во еден литар зовриена вода. Варете 4 минути на тивко, а потоа процедете ја течноста во чаши.

Подготовка на чај од ѓумбир во прав:

Во една шолја зовриена вода додајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав. Покријте ја шолјата и оставете ја течноста да олади 10-15 минути пред консумација.

Ѓумбирот е подеднакво добар лек како за телото, така и за умот. Ги подобрува концентрацијата и паметењето, го храни организмот и го поттикнува ослободувањето на енергија, но токму поради овие особини, не е препорачливо негово консумирање навечер, бидејќи може да предизвика несоница.

Се верува дека ѓумбирот има силно афродизијачко дејство, кое може позитивно да влијае врз зголемување на сексуалното либидо и плодноста.