Солени мафини за половина час: идеален оброк за кратко време

Потребни состојки:

2 чаши брашно

1 чаша јогурт

½ чаша масло

3 јајца

1 прашок за печиво

1 лажичка сол

200 г фета сирење

шунка или кашкавал по желба

Постапка:

Јајцата изматете ги со масло и јогурт.

loading...

Додадете сол и просеано брашно па со виљушка изматете ја смесата.

Фета сирењето издробете го па додадете го во тестото и добро промешајте.

доколку сакате додадете и сечкана шунка или нешто по ваш вкус.

Полнете ги калапите за мафини, не не ги полнете до врв, туку до половина или до две третини, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути